ноември 22, 2024

Финансиска полиција влезе во Тетово, Касами вели се врши политички притисок

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ја обвини централната власт дека му врши политички притисок откако утрото денеска во Општина Тетово дошла финансиска полиција. Касами смета така затоа што тоа било за некој предмет од пред 10-ина години.

-Во  кризна ситуација во која се наоѓаме, кога менаџираме тековна ситуација, до денес не се исплатени плати затоа што сметката е блокирана, кога ние не успеваме да ја контролираме целата ситуација, непоканети гости имаме од финансиска полиција. Со некој повод за некое сомневање за времето кога  градоначалник бил Сади Беџети. Јас тоа го ценам како политички притисок,  изјави Биљал Касами кој присуствуваше на одбележување годишнина на Универзитетот на Југоисточна Европа.

На новинарско прашање за негов коментар за најавената средба помеѓу Зоран Заев и Африм Гаши од Алтерантива и евентуална промена во парламентарното мнозинство, Касами рече дека ќе зборува само на теми на кои може да одговори како градоначалник.

Read Previous

Директорот на ГТЦ: Кај нас не се краде струја за копање криптовалути

Read Next

Претседателката на парламентот во Норвешка поднесе оставка зашто користела службен стан, а немала потреба