ноември 24, 2024

Филипче со молба до граѓаните: Не организирајте домашни прослави

Mинистерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција говореше за состојбата со корона вирусот во Македонија. Бројот на заразени овој период се движи од 400 до 700 случаи дневно, а тој апелираше на внимателност кај граѓаните во овие зимски месеци.

„Доаѓа период на заладување на времето и почести собири на граѓаните во затворени простории. Сега доаѓаат и семејните слави, а ги замолувам граѓаните да не ги организираат славите, или да ги организираат во што помал број. Мора да бидеме претпазливи. Многу мини бранови тргнаа од тие прослави“, истакна Филипче.

Read Previous

Кастриот Реџепи: Се гледаме во понеделник, на прес конференција

Read Next

СДСМ бара оставка од Христијан Мицкоски