ноември 23, 2024

Нови мерки поради влошена епидемиолошката состојба во Црна Гора: без свадби, екскурзии и прослава на Нова година на отворено

Поради влошување на епидемиолошката состојба во Црна Гора, забрането е да се организираат новогодишни прослави на отворено, како и концерти и масовни собири. Ова го соопшти црногорската министерка за здравство Јелена Боровиќ-Бојовиќ која рече дека мерките ќе бидат во сила од 15 ноември.

– Се забранува организирање на свадби на отворен и затворен простор. Забранета е работата на ноќните клубови, работата на угостителските објекти е ограничена до полноќ. Исто така забрането е организирање екскурзии и славење родендени, а престој во куќи и станови се препорачува само на членовите на домаќинството, рече министерката.

Таа потсети дека Националната дигитална Ковид потврда од претходно е услов за преминување на државната граница, за престој во угостителски објекти, за присуство на свадби, за присуство на приредби, спортски натпревари, пренесува РТЦГ.

– Во меѓувреме, Владата ја разгледува можноста од 1 декември да воведе обврска за поседување на Националниот дигитален сертификат за Ковид за целата јавна администрација – здравство, образование, полициска администрација, армија, рече Боровиниќ-Бојовиќ. Од 1 декември, како што рече, доколку се донесат овие мерки, Националниот дигитален сертификатќе биде неопходен за влез во јавен превоз, трговски центри, спортски сали, деловни простории и деловни објекти во кои дејност вршат повеќе од три компании, односно претприемачи. и објекти со површина од над илјада метри квадратни во кои се врши трговија на мало со непрехранбени стоки.

Read Previous

СЗО е загрижена за здравјето на илјадниците мигранти заглавени во Белорусија

Read Next

МЗ: 71 процент од новите случаи и 80 отсто од починатите од Ковид-19 се невакцинирани