Светската здравствена организација е „длабоко загрижена“ за здравјето на илјадниците мигранти заглавени во Белорусија поради граничната конфронтација со Европската унија, пренесува БГНЕС.
Ги повикуваме „сите земји да ги заштитат здравствените права на бегалците и мигрантите на границата со Белорусија, од кои на многумина им е потребна медицинска нега“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.