Во изминатите три месеци 71 процент од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани, наспроти 29 отсто кои биле вакцинирани. Од починатите граѓани, 80 проценти не биле вакцинирани, а 20 отсто вакцинирани, покажува анализата на Министерството за здравство, за период од 6 август заклучно со 11 ноември.
За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
– Во период од 6 август до 11 ноември на територија на државата 52.436 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 29 проценти биле целосно вакцинирани, односно 15.456 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе три месеци, 36.980, граѓани, односно 71 отсто од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани, се вели во анализата на МЗ.
Анализата, исто така, покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.
– Во период од 6 август до 11 ноември на територија на државата починале 1.788 пациенти со Ковид 19, 1.434 пациенти од починатите, односно 80 проценти не биле вакцинирани, а само 20 отсто, односно 354 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, се вели во анализата на МЗ. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, и нагласува дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. МЗ, Ѝ сто така, апелира граѓаните да се вакцинираат, со што ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на SarsCoV2.