Според здравствените власти во Бугарија, 93,87 отсто од 310 починати од Ковид-19 биле невакцинирани.
6.007 се новозаразените лица со Ковид-19 во Бугарија во изминатите 24 часа.
Новозаболените претставуваат 12,05 отсто од вкупно направените 49.862 тестови. 1341 се новопримени во болниците во Бугарија, а 90,16% од нив не се вакцинирани.
Дозите на вакцините против Ковид-19 кои досега се аплицирани во Бугарија се вкупно 2.874.721, од кои 14.545 се за последните 24 часа. Бројот на починати од почетокот на коронавирусот е 24.309.
Здравствените власти во Бугарија соопштија дека привремено го ограничиле снабдувањето со кислород за бизнисот поради потребите на болниците во земјата.
Ваквата одлука е донесена на средба меѓу производителите и Министерството за здравство.
Потрошувачката на кислород во одделенијата за интензивна нега достигна највисоко ниво од почетокот на пандемијата.
Потребата за тоа е зголемена за 25-30% во споредба со 2020 година.