ноември 23, 2024

Фејсбук затвори „фарма на тролови“ водена од Владата на Никарагва во пресрет на изборите

Фејсбук соопшти дека минатиот месец отстранил „фарма на тролови“ со повеќе од илјада профили на Фејсбук и Инстаграм, управувана од владата на Никарагва и нејзината владејачка партија, Сандинистички фронт за национално ослободување.

Трол-фармата, што претставува координирана манипулација на јавното мислење преку лажни профили, имала за цел да промовира провладини и антивладини содржини, посочи Фејсбук, додавајќи дека таа работела од 2018 година, а ја воделе првенствено вработени во TELCOR, никарагваската телеком агенција, работејќи од Манагва.

Врховниот суд и Институтот за социјално осигурување во Никарагва, исто така, воделе помали групи на лажни профили, соопшти компанијата.

Фејсбук посочува дека годинава отстранил уште некои мрежи поврзани со владите на Етиопија, Уганда, Тајланд и Азербејџан бидејќи ги прекршиле правилата за т.н. координиран неавтентичен третман, оценувајќи го како многу загрижувачки тренд.

Во Никарагва в недела се одржуваат претседателски избори, кои САД ги сметаат за фарса организирана од се поавторитарниот претседател Даниел Ортега.

Read Previous

Нов мрачен рекорд за смртни случаи од Ковид во Бугарија – 310

Read Next

Физички нападната вработена во училиште во Кавадарци