ноември 22, 2024

Арсовска: Луѓето што ги продадоа македонските интереси, два дена пред гласање шират лаги, треба да се срамат

Независниот кандидат за град Скопје Данела Арсовска, денеска најави тужба и нагласи дека оваа тужба нема да биде без надомест и дека средствата нема да ги донира во политичка партија.

“Во целост ги негирав овие наводи и не само скопјани, туку и цела Македонија знае дека луѓето коишто ги продадоа македонските национални интереси сега два дена пред изборите излегоа со наводи кои јас низ брза постапка не можам да ги докажам и тоа го прават, бидејќи јас не бев ниту човекот, ниту жената која што ги тераше да дадат изјава дека доколку го изгубат Скопје ќе ги изгубат своите политички кариери и своите функции“, вели независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска за обвинувањата од СДСМ дека има бугарско државјанство.

„Многу добро знаат луѓето и во Македонија и во Скопје дека сто тоа не е вистина, и треба да се срамат од тоа што го прават. Јас веќе пуштив една тужба, само сега овој пат нема да биде без надомест, сега тужбата ќе оди со надомест, и сите средства што ќе ги земам од сите овие безумни лаги изминати неколку дена да ги донирам и тоа не на политичка партија како што лажат, затоа што никогаш во својот живот ниту сум била член на политичка партија, нити сум донирала на политичка партија, ниту сум направила нешто погрешно, да сум направила нешто погрешно не можам да се кандидирам во трка каде што ќе ме нападнат вакви безобразни луѓе и луѓе што лажат континуирано“, рече Арсовска.

„Ја сум Данела Арсовска, претседател на Сојузните стопански комори на Македонија, и јас моето име и името на моите членови не го продадов“, нагласи Арсовска.

Read Previous

СДСМ ја објави бугарската лична карта на Данела Арсовска

Read Next

Тачи: Во понеделник нема да падне Владата, Беса ќе се спои со СДСМ, Алтернатива со ДУИ, а Алијанса со ДПА