ноември 22, 2024

Тачи: Во понеделник нема да падне Владата, Беса ќе се спои со СДСМ, Алтернатива со ДУИ, а Алијанса со ДПА

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во синоќешното гостување на ТВ21 изјави дека премиерот Зоран Заев сѐ уште има голема поддршка на меѓународната заедница. Додава дека тоа е тоа е една од причините поради кои Владата и мнозинството во Собранието се стабилни.

Тачи најави крупни промени во структурата на албанскиот политички блок и во партиското милје на земјава, која според него ќе се случи веднаш по вториот круг од изборите во недела.

-Во последните пет години, многу се инвестираше во Македонија и тие нема да дозволат оваа влада да падне толку лесно. Ќе видите во понеделник – Беса ќе се спои со СДСМ, Алтернатива ќе стане дел од ДУИ, а Алијанса од ДПА, изјави тој.

Во емисија „Клик плус“ на ТВ21, Тачи потсети и дека владејачките партии имале договор во првиот круг од локалните избори да настапат самостојно, а во вториот да одат заедно.

-Имавме договор со сите коалициски партнери да се натпреваруваме самостојно во првиот круг, да видиме кој колку тежи. Ако ги собереме гласовите за сите партии од коалицијата, разликата е повеќе од сто илјади гласа пред опозицијата“, рече лидерот на ДПА.

Read Previous

Арсовска: Луѓето што ги продадоа македонските интереси, два дена пред гласање шират лаги, треба да се срамат

Read Next

Ревакцинирани 773 537 граѓани, трета доза примиле 24 021