ноември 23, 2024

СДСМ ја објави бугарската лична карта на Данела Арсовска

Откако објавија дека има бугарско државјанство, СДСМ денеска ја објави и бугарската лична карта на кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Пратеничката Славјанка Петровска   вели дека личната карта, која е се уште важечка, е издадена на 5 мај 2017 година, како што рече, само една недела по крвавиот четврток односно насилниот упад во Собранието на 27 април.

-Ништо не може да го сокрие фактот дека таа, освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта. Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје. Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните. Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет, рече Петровска.

Таа вчера објави документ од бугарското Министерство за правда, како аргумент дека Арсовска има бугарско државјанство, потврдено со указ потпишан од бугарскиот вицепретседател. По овие тврдења за бугарско државјанство, ВМРО-ДПМНЕ излезе со демант, посочувајќи дека кандидатката за градоначалник на главниот град нема бугарски пасош.

Read Previous

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу се сретна со Ѓорге Иванов

Read Next

Арсовска: Луѓето што ги продадоа македонските интереси, два дена пред гласање шират лаги, треба да се срамат