Бројот на жртви од западнонилска треска во Северна Македонија се искачи на шест, соопшти директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Фадил Цана.
Цана во изјавата за медиумите информираше за состојбата со западнонилска треска во земјава.
„За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент“, соопшти Цана, додавајќи дека станува збор за 72-годишен пациент од Скопје, кој имал сериозни придружни заболувања.
Цана рече дека пациентот бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика.
Информирајќи за ситуацијата со вирусот, Цана изјави дека до денеска биле хоспитализирани 51 пациент, од кои 27 досега се излекувани.
