August 27, 2026

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници.

Еден возач возел под дејство на алкохол и еден возач управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Read Previous

Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан