August 27, 2026

Дојавата за бомба во неколку институции во Албанија се покажа како лажна

Дојавата за бомба во неколку институции во Албанија се покажа како лажна.

Според соопштението на Генералната дирекција на полицијата објавено на социјалните мрежи, утрово на електронските адреси на неколку институции во неколку градови во земјата, од сè уште неидентификувана адреса, е пратена е-порака со заканувачка и терористичка содржина, во која се тврди дека во овие институции е поставена бомба.

„Веднаш по добивањето на оваа информација структурите на Државната полиција ги вршат сите потребни проверки во институциите опфатени со оваа закана. Од досега извршените проверки не е утврдено дека е поставена бомба или каков било друг експлозив“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме, Дирекцијата за истраги на киберкриминал, во соработка со Дирекцијата за борба против тероризмот и други агенции за спроведување на законот, продолжува со интензивна работа на идентификување на сторителот и електронската адреса од која се пратени овие закани, соопшти полицијата.

Државната полиција ги уверува граѓаните дека нема место за паника и дека нејзините структури се максимално ангажирани за гарантирање на јавниот ред и безбедност, како и за спречување и сузбивање на незаконитостите.

Read Previous

Бројот на починати од западнонилска треска во Северна Македонија се искачи на шест

Read Next

Се продолжува забраната за движење низ шумите до крајот на септември