May 15, 2026

За период од десет години, бројот на новороденчиња во Македонија паднал за 30% – лани се родиле 15.500 бебиња

Минатата година се родени 15.500 новороденчиња, што значи дека државава бележи значителен пад во природниот прираст, истакна проф. д-р Елена Џикова од Клиниката за гинекологија и акушерство и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО на одбележувањето на Неделата на женско здравје 2026“.

Коментирајќи ги најновите демографски податоци за 2025 година, Џикова рече дека ако се навратиме една деценија порано, кога бројот на новороденчиња бил околу 23.000, може да се види дека имаме значително намалување од 30 отсто за 10 години. Тоа, појасни таа, треба да биде аларм кој ќе нè наведе да имаме поголема грижа кон жените и целокупна поддршка во женското репродуктивно и семејно здравје.

„Во услови кога природниот прираст во државава е во значително опаѓање од особено значење е едукацијата и превенцијата на жените во сите фази во нивниот живот од школските години кога треба да научат како да го чуваат своето здравје и особено во репродуктивниот период и период на бременост кога тие се најранливи. Редовните акушерски прегледи во текот на бременост се многу важни бидејќи современата медицина нуди нови методи за предикција и превенција на различни компликации кои можат да се создадат и тие не само да се спречат, туку и да се појават во поблага форма со цел да се заштити здрвјето на мајката и новороденчето. Здравјето на жената е темел на секое општество и секој дом и семејство, а новородечињата се и надеж за ново утре во нашата држава“, рече Џикова.

Read Previous

Првата група аџии од Северна Македонија тргна кон светите места во Саудиска Арабија

Read Next

Речиси 18,5 милиони патници превезени со такси во земјава