May 15, 2026

Речиси 18,5 милиони патници превезени со такси во земјава

Во 2025 година со такси-превоз во земјава биле превезени вкупно 18,449 милиони патници, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.

Од вкупниот број, 16,964 милиони патници го користеле градскиот такси-превоз, додека 1,485 милиони патувале во меѓуградскиот превоз.

Според статистиката, со 1.982 патнички автомобили биле изминати вкупно 60,158 милиони километри. Од нив, 53,418 милиони километри се реализирани во градскиот, а 6,740 милиони километри во меѓуградскиот такси-превоз.

Read Previous

За период од десет години, бројот на новороденчиња во Македонија паднал за 30% – лани се родиле 15.500 бебиња