Собрание на Србија утре ќе одржи вонредна седница, на која главна точка на дневен ред ќе биде Предлогот за гласање недоверба на Владата, поднесен од 62 пратеници од опозициските партии, пренесе РТС.
Иницијативата беше поднесена во средината на февруари од пратеници на повеќе опозициски субјекти, меѓу кои Народно движење на Србија, Партија за слобода и правда, СРЦЕ, движењето „Ние силата на народот“ предводено од Бранимир Несторовиќ, како и Еколошко востание и независниот пратеник Милољуб Албијаниќ.
Како причина за барањето за недоверба, предлагачите наведуваат сомнежи за вмешаност на одредени членови на Владата во случајот со Генералштаб, како и, според нив, непостапување на премиерот по тој повод.


