Снимките што ги гледате се пред општина Тетово. Возила паркирани во втора лента, кои ја блокираат улицата.
A, овие снимки се од други делови на градот. Како што може да се види, возилата се паркирани во втора лента. Со вакви проблеми секојдневно се соочуваат граѓаните на Тетово.
Градоначалникот Билал Касами апелира за поголема свест, но додава дека тоа нема да се остави само на свеста на граѓаните, бидејќи веќе е формирана комисија и ветува дека во рок од една година бројот на паркинг места во Тетово ќе се зголеми за три пати.
-Тоа е комплексна работа за која е ангажирана посебна комисија чија работа ќе ја следам лично, и како резултат на тоа очекуваме во период од една година да имаме тројно или четирикратно зголемување на паркинг местата во градот Тетово, изјави Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.
Од СВР Тетово велат дека во рок од три и пол месеци се изречени околу 1300 казни за непрописно паркирање, додека „пајак“ службата кренала околу 1000 возила кои биле погрешно паркирани.
-Во овие три и пол месеци од 2026 година се изречени околу 1300 казни за непрописно паркирање, а „пајак“ службата кренала над 1000 возила, за кои се подготвени соодветни пријави и возачите ќе се соочат со казни. Што се однесува до казните, најголемиот број се за паркирање во втор ред, на раскрсници, кружни текови, жолта линија и тротоари, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Зголемувањето на паркинг местата во Тетово е ветувано од многу градоначалници, но градот и понатаму се соочува со овој проблем. Често се спроведуваат акции за отстранување на непрописно паркирани возила, но тоа само привремено го решава проблемот, бидејќи непрописното паркирање продолжува.


