Од 19-ти до 27-ми април македонската армија ќе одржи воена вежба „БЛЕСОК 2026“ во која ќе учествуваат околу 1500 припадници на армијата. Вежбата ќе се одржи на Криволак, како и други локации, а ќе биде оценувана од НАТО монитори.
Вежбата е продолжение на серијалот „Македонски Блесок“ и има за цел да ја демонстрира борбената готовност, тактичката обученост и интероперабилноста на единицата во согласност со строгите стандарди на НАТО.
„Блесок 26“ претставува клучна фаза во процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) како НАТО-декларирана единица.
На вежбата ќе биде употребена современа воена техника и вооружување со кои располага Армијата, меѓу кои, оклопни возила JLTV опремени со системи за далечинско управување, транспортни хеликоптери Ми-8/17, артилериски средства, вклучително хаубици БОРАН од 105 мм и М2А1, како и минофрлачи од 120 мм, специјализирани инженерски возила „Husky 1 и 2“ за детекција и неутрализирање на експлозивни направи, беспилотни летала за извидување и набљудување.
Покрај главните активности на полигонот „Криволак“, вежбовни содржини ќе се реализираат и во касарните во Штип, Прилеп и Петровец.
TV21


