April 14, 2026

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води про-европски политики, за Груевски побарана е екстрадиција уште во 2018 година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар во Унгарија, и зборуваше за евентуална екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски кој е во Унгарија, а Маѓар најави дека ќе го екстрадира.

„Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води про-европски политики, про-интегративни и очекувам поддршка за членство во ЕУ на регионот, вклучително и на Македонија.

Што се однесува до специфичните политики поврзани со екс премиерот Груевски, тие се одлука на унгарската влада. Јас како што сум запознаен, екстрадиција е побарана уште во 2018 година, а е одбиена во 2019 година, и дополнителни коментари треба да се побараат од Министерството за правда. Јас не сум министер за правда, јас сум премиер“, рече Мицкоски.

Read Previous

МВР го истражува обидот за палење на синагога во Скопје, Еврејската заедница алармира за говор на омраза

Read Next

„БЛЕСОК 2026“ – Воена вежба со 1500 припадници на Армијата, мониторинг и оценка од НАТО