April 14, 2026

Муцунски му честита на Маѓар за победата на изборите во Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитка до Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса, по неговата победа на парламентарните избори во Унгарија.

Во објава на „Икс“, Муцунски истакна дека демократската волја на граѓаните е најважна и изрази очекување за продолжување на билатералната соработка, заснована на партнерство и европски вредности.

На изборите во Унгарија, по 16 години власт, пораз доживеа владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, додека победи опозициската Тиса предводена од Маѓар.

Според резултатите со обработени 97 проценти од гласовите, Тиса освои 138 пратенички места, наспроти 55 за Фидес, додека десничарската Ми Хазанк ќе има шест мандати. Со ваквиот резултат, Тиса обезбедува двотретинско мнозинство во парламентот.

Read Previous

„Сејф Сити“ го намали бројот на сообраќајки – Годинава 100 незгоди помалку за само два месеци

Read Next

МВР го истражува обидот за палење на синагога во Скопје, Еврејската заедница алармира за говор на омраза