April 13, 2026

„Сејф Сити“ го намали бројот на сообраќајки – Годинава 100 незгоди помалку за само два месеци

Брзото возење проблем број едн во македонското општество. Тоа го потврдуваат и податоците од „Сејф Сити“ – проектот за автоматска контрола и казнување на сообраќајни прекршоци преку камери и сензори кој официјално започна да функционира од февруари годинава во Скопје, Куманово и Тетово, како и на главните патни коридори.

Од МВР за Скопје Инфо велат дека од старот на проектот, па се до почетокот на месецов регистрирани се вкупно 46.970 прекршоци – алармантна бројка за сообраќајната (не)култура на македонските улици, булевари и патишта. Од овие прекршоци дури 45.001 се за побразо возење од дозволеното. 

– Во периодот од 02 февруари до 02 април 2026 година, од страна на системот „Безбеден град“, регистрирани се вкупно 46.970 прекршоци, од кои:

19.066 во февруари

 26.241 прекршок во март и

1.663 прекршоци во првите два дена од месец април, соопштија од полицијата.

Најголемиот дел се за „управување на возило со брзина поголема од дозволената“ – 45.001, потоа 1.679 прекршоци за „управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола“, а регистрирани се и 290 прекршоци за „минување на затворен сигнал-црвено светло“.

Радува податокот што намален е бројот на сообраќајки во периодот на почетокот на годинава, во споредба со истиот период лани. 

– Во делот на незгодите во периодот јануари-февруари 2026 година регистрирани се вкупно 929 сообраќајни незгоди или за 9,8% помалку во однос на истиот период од 2025 година кога биле регистрирани 1.030 незгоди, информираат од МВР за нашиот портал. 

Проектот „Безбеден град“, кој има за цел да ја зголеми безбедноста во урбаните средини преку современи технологии, наскоро, поточно во пресрет на туристичката сезона ќе биде имплементиран во Охрид, а веќе камери се поставуват и во Струмица.

Read Previous

Орбановиот „земјотрес“ ќе има длабоки последици и на Балканот