April 11, 2026

Северна Македонија ќе игра пријателски меч со Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево

Фудбалската репрезентација на Северна Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина (БиХ) на 29 мај.

Натпреварот ќе се игра во Сараево, на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, додека терминот за почеток на натпреварот се очекува да биде одреден подоцна.

Селекцијата на Босна и Херцеговина обезбеди квалификација за Светското првенство 2026, што, според Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), му дава на овој пријателски меч дополнителна тежина и квалитет, во рамките на официјалниот ФИФА термин.

Фудбалската репрезентација на БиХ вторпат во својата историја се пласира на Светско првенство. Првпат настапи на Мундијалот во Бразил во 2014 година, каде не се избори за пласман во нокаут фазата.

Read Previous

Со Велигден завршуваат празниците во април, но веќе во мај нѐ очекуваат три продолжени викенди

Read Next

Силјановска: Не треба да чекаме со децении за во ЕУ