April 10, 2026

Со Велигден завршуваат празниците во април, но веќе во мај нѐ очекуваат три продолжени викенди

Во чест на големиот христијански празник – Велигден, македонските граѓани за одмор и време со најблиските ќе имаат четири дена. 

Неработен ден за правсолавните верници во земјава ќе биде 10 април – Велики Петок, додека 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, ќе биде неработен за сите граѓани. 

Со Велигден, завршуваат празниците за месец април, но веќе во мај, граѓаните ги очекуваат дури три продолжени викенди, два за сите граѓани и еден за граѓаните од православна христијанска вероисповед, а ќе празнуваат и граѓаните од муслиманска вероисповед.

– 1 мај (петок) – Ден на трудот;

– 25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела);

–  29 мај (петок) – Духовден (петок пред Духовден и празник за православните христијани);

Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе го празнуваат 27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

Read Previous

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден