March 31, 2026

МВР ги зголеми платите на сите вработени за 2.470 денари

Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во бруто износ од 2.470 денари, соопшти МВР.

„Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2.470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026“, соопшти МВР.

Од таму додаваат дека во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи, ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР.

„Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардот на македонската полиција, а со тоа и целокупната безбедноста на државата и граѓаните“, се наведува во соопштението.

Read Previous

Нападите на САД и Израел врз Иран продолжуваат да влијаат врз потрошувачката кошничка на Западен Балкан