Раде Баста, поранешен министер и висок функционер на Српската напредна странка, денеска е уапсен во Белград, извести порталот Нова.рс.
Поранешниот министер за економија Раде Баста и уште неколку лица се уапсени денеска во голема полициска акција, спроведена по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, објави порталот Нова.рс.
Идентитетот и точниот број на другите приведени лица сè уште не се познати. Тие се осомничени за извлекување средства од јавното претпријатие „Белградски електрани“ во периодот кога Баста бил директор на ова претпријатие. Се наведува дека тие ѝ нанеле штета на компанијата во износ од десетици милиони динари.


