November 12, 2026

Жичарата на Водно се реконструира, Ѓорѓиевски најави повторно отворање следниот месец

Ѓорѓиевски соопшти дека при проверките биле утврдени сериозни недостатоци, кои, според него, се последица на долгогодишното неодржување и неспроведувањето на неопходните големи сервиси од претходните раководства.

Тој посочи дека бил потребен обемен зафат, поради што жичарата била ставена надвор од употреба, нагласувајќи дека безбедноста на посетителите е приоритет.

Во тек е реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарација во странство.

Градоначалникот најави дека, доколку работите и неопходните безбедносни проверки завршат според планот, жичарата би можела повторно да ги пречека скопјани и посетителите уште следниот месец.

Read Previous

Уапсен поранешниот српски министер за економија Раде Баста