Репрезентацијата на Турција се пласираше на Светското првенство, откако вечерва славеше минимален триумф над Косово во Приштина со 0-1. Голот вреден победа и пласман на Мундијал го постигна Артукоглу во 53. минута од средбата.
На Мундијал патува и селекцијата на Босна и Херцеговина, која ја шокираше репрезентацијата на Италија победувајќи ја на пенали со 4-1. По регуларниот дел беше 1:1, а потоа БиХ успеа да ги реализира сите четири пенали, додека Италијанците од три, постигнаа само еден погодок и така остана без уште едно Светско првенство после 2018 и 2022 година.
Чешка по пенали ја совлада Данска и се пласираше на Светското првенство, а Шведска исто така со домашната победа над Полска од 3-2 обезбеди учество на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.


