На 26 февруари 2004 година во близина на аердоромот во Мостар, во авионска несреќа загина вториот претседател на независна Република Македонија, Борис Трајковски. Трајковски патуваше на економска конференција во Мостар, а при слетувањето авионот со делегацијата во која беше и Трајковски, загуби контакт со контролната кула на аеродромот.
Осум други лица исто така беа во авионот, и никој не го преживеа падот. Леталото се спуштило во област која била силна минирана за време на војната во деведесетите години, што значително било пречка во напорите за спасување.
Во авионот покај Трајковски беа и Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска – соработници во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски кој беше вработен во МНР, Борис Велинос и Аце Велиновски обезбедување, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.
Воздушната контрола го губи контактот со авионот околу 8:01 часотна подрачјето околу Столац, 30 километри јужно од Мостар. СФОР, кој во тој момент ја извршувале контролата на летот, јавуваат на Федералната дирекција за цивилен сообраќај дека е изгубен радио контактот со авионот на Владата на Македонија.
Во 11:00 часот претседавачот на Претседалството на БиХ Драган Човиќ, потврдува дека авионот на македонската делегација се урнал кај Столац, во близина на Мостар.
Првичната истрага што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и облачност.
На барање на македонските власти, по собирањето на дополнителните докази од страна на македонското МВР, беше отворена нова истрага во јануари 2013 година, што ја водеше меѓународен тим предводен од Омер Кулиќ. И во нивниот извештај како клучни причини за несреќата беа наведени грешки на екипажот и системски пропусти.
Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Дипломираше на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализира деловно право и право на работни односи.
Од 21 декември 1998 година ја извршуваше функцијата заменик-министер за надворешни работи во Владата предводена од Љубчо Георгиевски. Трајковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно – политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на партијата, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија и на меѓународната конференција „Решавање на конфликти“ со седиште во Атланта, САД. Бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.
За претседател на Република Македонија беше избран во 1999 година. Должноста шеф на државата ја извршуваше до несреќата во Мостор.

