February 26, 2026

Потпретседателот на Собранието, Милошоски, се сретна со специјалниот претставник на унгарскиот премиер за Западен Балкан

Потпретседателот на Собранието на Северна Македонија, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник, и Јулијана Армаш, советник, како и заменик-шефот на мисијата, Атила Фодор.

Според соопштението од Собранието, на средбата била потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области.

„Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена“, се наведува во соопштението.

Од друга страна, специјалниот претставник за Западен Балкан, Бунфорт, според соопштението, ја потенцирал поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ-интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.

Read Previous

Обвинителите бараат Собранието да ги повлече измените за нивните плати, се жалат дека им се најниски во регионот

Read Next

Пратениците не изгласаа минималец од 600 евра