February 25, 2026

Обвинителите бараат Собранието да ги повлече измените за нивните плати, се жалат дека им се најниски во регионот

Здружението на јавни обвинители бара Собранието од денешната седница да ги повлече законските измени за платите на обвинителите, со кои се предложува изменување на коефициентите на начин што ќе се спречи натамошниот, како што се наведува во предлог-законот, непропорционален раст на нивните плати.

„Врз основа на одлука на Собранието и на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители, донесена на 24.02.2026 година, упатуваме итна јавна реакција со која бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана“, велат од Здруженито.

Според нив, за ова постојат пообјективни причини и велат дека јавните обвинители се свесни за сложената економска состојба која се наоѓа во државата и за потребите на ефикасна мерка за штедење.

Сепак, велат од таму, мора да нагласиме дека во согласност со член 2 од Законот за плати на јавниот обвинител, платата на јавниот обвинител не може да се намали со закон или одлука на државен орган, освен при утврдена дисциплинска одговорност.

„Јавните обвинители извршуваат сложена и одговорна работа и го носат товарот на кривичното гонење и тоа без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка. Законски предвидените надоместоци за сложеност на трудот со години не им се даваат поради недостаток на средства во Буџетот. Исто така, функцијата на јавниот обвинител е неспоива со извршувањето на законот со која било друга функција или дејност. Поради тоа, платата е единствен приход за јавните обвинители и се движи од минимум 90.000 до максимум 130.000 денари. Значи вакви износи им беа исплатени на македонските јавни обвинители апсолутно најниски во регионот, а со останатите европски земји не можат ниту да се компарираат“, велат од Здруженито.

За споредба, велат делка платите на обвинителите во Србија се движат од 1.600 – 4.000 евра, во Црна Гора од 1.600 – 4.700 евра, во Албанија од 1.600 – 3.000 евра, во Бугарија просечната плата е 3.000 евра плус годишно бонус, а во Македонија од 1.500 – 2.100 евра.

Од Здружението велат дека Уставниот суд, на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, веќе има донесено решение У бр.71/25 од 24.12.2025 година со кое поведе постапка за оценка на уставноста на последните измени на Законот за платите на јавните обвинители, со кои веќе се интервенирало со намалување на коефициентите и ограничување на порастот на платите.

„Иако конечната одлука на Уставниот суд за ова прашање не е се уште донесена, имаме обврска да укажеме на штетните правни последици доколку со ново законско решение дополнително се продлабочат оспорените недоследности. Оценката на уставноста на претходните законски измени се проверка на уставната усогласеност и на измените кои сега се предлагаат, бидејќи повторно при иста методологија на пресметка на плати, се намалуваат коефициентите со што всушност се влијае за намалување на платите. Сметаме дека тоа е противуставно и незаконито решение со кое се загрозува независноста на јавните обвинители преку економски притисок, од кои причини, како што наведовме погоре, бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана“, се наведува во соопштението на Здружението на јавни обвинители.




ZOOM

Read Previous

Вучиќ го предупредува Соренсен за новиот Закон за странци, нарекувајќи го „ескалаторна“ мерка од Приштина