January 10, 2026

Голем пожар во главниот град на Албанија: Изгореа повеќе од 50 продавници и магацини

Пожарот што го зафати трговскиот центар во населбата “5 Мај” во Тирана беше ставен под контрола по околу четири часа интензивна интервенција на противпожарната служба, но целосно не е локализиран.

Во гаснењето на пожарот беа вклучени голем број пожарникари и возила а повлечени се и оние кои беа во Драч кои беа ангажирани во справувањето со поплавите.

Била побарана помош и од армијата и пожарникарите од Елбасан и Вора.

Ситуацијата во моментов е помирна, а од безбедносни причини електричната енергија е исклучена во областа.

Властите потврдуваат дека нема повредени, но материјалната штета е голема.

Пожарникарите продолжуваат да го следат местото на пожарот за да се избегне повторно активирање на пламенот, додека причини за пожарот ќе бидат утврдени по официјалното вештачење.

Пламенот се проширил на околу 50 продавници и неколку магацини во индустриската и комерцијалната зона на главниот град на Албанија.

Според извештаите, пламенот зафатил продавници и магацини од пазарот за половна облека, кои се наоѓаат во населбата ” 5 Мај” пренесуваат албанските медиуми.

Nova TV

Read Previous

Четири општини повторно на гласање во недела

Read Next

Две лица од Скопје пронајдени починати во викендица во гостиварско село