Кампањата за повторените избори за градоначалници во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска привршува. По полноќ ќе стартува изборниот молк што ќе важи до недела вечер, кога во 19 часот ќе се затворат гласачките места.
Според информациите од Државната изборна комисија, денеска се дистрибуираат гласачките ливчиња и апаратите за биометриска идентификација до општинските изборни комисии. ДИК информира дека сите технички и организациски подготовки се одвиваат согласно утврдените рокови.
Право на глас имаат жителите на четирите општини каде што се одржуваат изборите.
Гласањето ќе се одвива в недела од 7 до 19 часот во избирачките места, а од ДИК апелираат кампањата и изборниот процес да поминат во демократска атмосфера, без инциденти и со почитување на изборните правила.
TV21


