Две лица од Скопје се пронајдени починати во викендица во гостиварско село доцна синоќа, а причината за нивната смрт ќе ја утврди обдукцијата.
Според пријавата, на 08.01.2026 околу 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во село Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени починати Т.Ј. (30) и И.Н. (30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а телата, по наредба на јавен обвинител, се дадени на обдукција, соопшти полицијата.
Увид на местото извршија јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.


