
Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска ќе продолжат со претставување на своите програми и кандидати за градоначалници пред граѓаните за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.
Денес во 11 часот пред Драмскиот театар во населбата Карпош средба со граѓаните ќе има независниот кандидат за градоначалник на Скопје професорот Александар Рашковиќ и носителката на советничката листа политикологот Никица Милевска.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Росоман, во Градско, Лозово и во Велес, додека СДСМ има најавено активности во Богданци, Зрновци, Чешиново-Облешево, во Виница и во Кочани.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври.
Skopjeinfo