October 13, 2025

Трговците се жалат на недостиг од купувачи – пиперките за ајвар во Кичево до 50 денари за килограм

На кичевскиот пазар, цената на пиперките за ајвар оваа сезона се движи од 40 до 50 денари за килограм, во зависност од квалитетот и видот. Сепак, трговците велат дека годинава има помал интерес и помалку купувачи во споредба со претходните години.

„Нема доволно продажба, нема ни народ, тие што беа овде се иселени и има многу мала продажба.“, вели еден трговец. 

Според нив, главната причина е тешката економска состојба на граѓаните, кои се обидуваат да заштедат дури и на традиционалните зимници.

„Овие малите се 50, тие со килограм се 60 денари. Кичево како Кичево нема многу народ, тие што се – толку се. Многу слабо излегува народот на пазар. Повеќе купуваат по продавници, по маркетите, така што на пазар доаѓаат само во сабота.“

Трговците се надеваат дека со приближувањето на викендот и падот на температурите, ќе се зголеми побарувачката за пиперки и зимници.

Еден тегла ајвар во маркетите чини од 250 до 350 денари, во зависност од видот и компанијата. Граѓаните велат дека за 30 килограми пиперки по 50 денари трошат околу 1.500 денари, а со масло и други производи – вкупно околу 2.500 денари. Со 30 килограми пиперки може да се направат од 10 до 13 тегли ајвар.

TV21

Read Previous

141 болни и немоќни лица ќе гласаат на 18 октомври