
Фудбалската репрезнтација на Македонија ги загуби шансите за директен паласман на Светското првенство, откако вечерва ремизираше 1-1 против Казахстан во Скопје. Сега во последното коло против Велс, нашата селекција ќе мора да остане непоразена, ако сака да се надева на второто место кое носи бараж.
Казахастан се покажа за незгоден ривал, и ја имаше првата посериозна шанса преку Чесноков, откако со глава од 1-2 метри го префрли голот. Македонија во првиот дел имаше три шанси во ист напад преку Ристовски, Велковски и Алими, но или бранеше голманот Сеисен, или одеше крај голот.
Казахастан стигна до шокантно водство преку Караман во 54. минута од средбата. Ја искористи грешката на Димитриевски, и заспасноста во одбраната на Македонија за да ги однесе гостите во предност.
Сепак, Енис Барди во 74. минута постигна прекрасен гол од слободен удар за 1-1. До крајот на мечот Македонија имаше прилики и да направи пресврт, меѓутоа не успеа да дојде до втор гол.
TV21