
Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија објави дека е приведено едно лице поради подметнување пожар.
МВР објави дека денес полициските службеници од СВР Тетово лишиле од слобода лице на 19-годишна возраст од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул.„Маршал Тито“ во Тетово.
По интервенција на Тетовската противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а лицето е задржано во полициска станица.