
Граничниот премин Јажинце и патниот правец кон Република Косово се повторно отворени за сообраќај, објави Центар за управување со кризи (ЦУК).
Денес избувна пожар во подрачјето на Јажинце, поради што беше затворен патниот правец кон граничниот премин.
Противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита дејствуваа на опожарениот терен, а во гаснењето на пожарот учествуваа и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.
Пожарот кој го зафати подрачјето предизвика затворање на патниот правец кон граничниот премин Јажинце (со Косово), но благодарение на итната интервенција на релевантните служби, пожарот е локализира и повторно се отворени за сообраќај патниот правец кон Косово и граничниот премин Јажинце.