August 16, 2025

Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром

Рано утринава, 16.8.2025г., околу 2:50 минути, до Единицата за информирање и командување при Министерството за внатрешни работи е пристигната дојава за експлозивна направа во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје.

Согласно процедурите за постапување, аеродромските служби на Меѓународен аеродром Скопје како и сите релевантни служби и институции при МВР беа веднаш известени и активирани беа сите планови и процедури за постапување при вакви настани.

Единици на МВР во координација со Одделот за обезбедување на ТАВ Македонија веднаш ги презедоа сите неопходни мерки и проверки и утврдија дека заканата е лажна.

Нема откажани летови на Меѓународен аеродром Скопје, но сообраќајот беше времено запрен до 6:00 часот утринава, односно сé додека МВР не извести дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред.






TV21

Read Previous

МВР лиши од слобода 19-годишник поради предизвикување пожар во Тетово

Read Next

Рама вети дека ќе ги обнови домовите на луѓето кои ги загубиле своите куќи во пожарите