септември 16, 2024

Амбасадорката на Република Северна Македонија беше повикана во бугарското МНР

Амбасадорката на Република Северна Македонија беше повикана во бугарското МНР, за да добие остра протестна реакција поради провокациите на власта во Скопје

Амбасадорката на Република Северна Македонија во Софија, Агнеза Руси-Поповска, денеска е повикана во Министерството за надворешни работи на Бугарија, за да се запознае со остриот протест на бугарската држава по прес-конференцијата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на 29.08.2024 година, јавувa БГНЕС, пренесува Трибуна.

Од бугарска страна беше реафирмиран конзистентниот став во однос на европската перспектива на Скопје.

За жал беше констатирано дека системските провокации и одбивањето да се исполнат обврските на официјални претставници на соседната земја дополнително ја оддалечуваат од почеток на преговори со ЕУ. Сегашната и секоја следна влада ќе ја продолжи природната линија на бугарската надворешна политика кон Република Северна Македонија, насочена кон гарантирање на човековите права и почитувањето на принципите на добрососедството.





ZOOM

Read Previous

Дурмиши: Намалување на данокот на добивка од 10% на 5%

Read Next

Нова учебна година за 245.000 ученици и воведување на едносменска настава