Со почетокот на новата учебна година, 245 илјади ученици од основни и средни училишта ќе се вратат во училишните клупи. Од нив, околу 18 илјади се првачиња кои првпат ќе седнат во училишните столици. Наставата ќе се одвива физички за сите ученици, освен во неколку училишта каде што просторот не е целосно подготвен.
Во 140 училишта ќе се воведе едносменска настава, но бројот на првачиња годинава е намален за 3.500 во споредба со претходната година. Основни причини за намалувањето се иселувањето и опаѓањето на наталитетот.
TV21