• ноември 24, 2024

Силен земјотрес во Италија, почувствуван и во Словенија и Хрватска

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека вечерва во 22 часот и 20 минути, северниот дел на Италија е погоден од земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала.

Според првите податоци, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Се почувствува и во соседните земји, вклучително и Словенија и дел од Хрватска, пишуваат хрватските медиуми.

Read Previous

Двајца приведени за убиството на лекарот од Железара, се вршат претреси

Read Next

Косово би можело да биде примено во Советот на Европа