декември 3, 2024

Парламентарни избори во Хрватска на 17 април

Хрватскиот Сабор вчера ја одржа последната седница во овој мандат, по што со едногласна одлука беа распуштени 143 пратеници.

ЗАГРЕБ (АА) – Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска соопшти дека изборите за пратеници во хрватскиот Сабор ќе се одржат в среда, на 17 април, јавува Анадолу.

Според одлуката за распишување избори за пратеници во хрватскиот Сабор, изборите на избирачките места во Хрватска ќе се одржат в среда на 17 април, додека гласањето на избирачките места во седиштата на хрватските дипломатско-конзуларни претставништва ќе се одржи ден порано, на 16 април, како и в среда на 17 април.

Според Законот за избор на пратеници во хрватскиот Сабор, денот на изборите во Хрватска е неработен.

Милановиќ донесе одлука и за распишување избори за пратеници во Европскиот парламент од Хрватска, што ќе се одржат во Хрватска и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата на 9 јуни годинава.

Хрватскиот Сабор вчера ја одржа последната седница во овој мандат, по што со едногласна одлука беа распуштени 143 пратеници.

Read Previous

Серија земјотреси во Црна Гора, најсилниот со јачина од 5,3 степени

Read Next

Се намалуваат гужвите за документи – Тошковски: 300 илјади лица сакаат да аплицираат онлајн