Не се забележуваат долги редици граѓани кои чекаат да се сликаат и да добијат лични документи во објектот на МРТВ.
Еден граѓанин со кого разговаравме, рече дека за лична карта аплицирал преку веб страната онлајн, и дека за 2 недели го контактирале за да се фотографира.
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски истакна дека списоците постојано се прочистуваат бидејќи оние кои завршиле работа порано а имале термин, автоматски нивниот термин ќе го добијат други граѓани.
Тошковски соопшти дека во Куманово се тестира пилот проектот “Земи бројче“ за вадење лични документи, со цел на овој начин да се намалат догите редици. На тој начин, граѓаните добиваат ливче со реден број по што се упатуваат на шалтер, избегнувајќи ги гужвите.