ноември 21, 2024

Се преземаат организациски процедури за да се обезбедат соодветните документи за граѓаните, вели Џафери

Граѓаните да си ги заменат документите со новото име на државата, порача техничкиот премиер Талат Џафери за коментар на состојбата на 650 илјади македонски граѓани кои до денес не можат да ја напуштат државата поради неважноста на нивните пасоши со името Република Македонија.

Од вечерва на полноќ никој со ваков пасош не може да ја напушти државата, поради примена на член 10 од Преспанската спогодба, со кој од денес веќе не важат документите на кои стои старото име на државата „Република Македонија“ откако помина петгодишниот техничкиот преоден рок.

– Прво и основно ние ги направивме првите чекори за прашањето за внатре комуницирање и движење безбедно на граѓаните. Во однос на потребите за комуницирање со надвор секако дека се преземаат организациски процедури за да се обезбедат соодветните документи и процедури за издавање на соодветните документи и така како што настапувате јас се надевам дека 650 илјади граѓани истиот ден денес ниту имаат потреба, ниту пак има можност да ја напуштат државата. Така што, сукцесивна работа, навремено и самите граѓани да се најават и да се обратат до подрачните единици на МВР за да можат да покренат постапка за замена на документите, беше одговорот на Талат Џафери од Тетово.

Вчера Собранието изгласа законски измени со кои до 31 декември 2024 се важат возачките дозволи, а личните карти со старото уставно име, ќе важат и понатаму.

Read Previous

Грчки товарен брод нападнат во Црвеното море

Read Next

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда