ноември 21, 2024

Грчки товарен брод нападнат во Црвеното море

Товарен транспортен брод во грчка сопственост што плови под знамето на Маршалските Острови бил мета на напад со два проектила во Црвеното море, без при тоа да биде повреден екипажот, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според државната новинска агенција АНА-МПА, британска приватна компанија за поморска безбедност Амбри соопштила дека проектилите завршиле во морето, „екипажот е неповреден“, а бродот „се упатува кон пристаништето кое е негова следна станица“.

Нападот се случил додека транспортниот брод пловел во близина на Јемен

Read Previous

Нов хаос за граѓаните-Налепници NMK нема

Read Next

Се преземаат организациски процедури за да се обезбедат соодветните документи за граѓаните, вели Џафери