ноември 23, 2024

Шеикот Абдулах Бин Мухамед доаѓа во Скопје, од денеска до сабота посебен сообраќаен режим во главниот град

Делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура од денеска до петок ќе биде во официјална посета на Северна Македонија.

Како што е најавија од Собранието, утре Абдулах бин Мухамед АлШеикх ќе оствари средба со претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери, а по средбата ќе присуствува и на потпишување во Книга на впечатоци.

Од МВР соопштија дека поради посета на претседателот на Собранието на Кралството Саудиска Арабија, во Скопје од денеска до сабота ќе има променет режим на сообраќај.

Со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Read Previous

Протест со трактори на германските земјоделци, блокади низ цела држава

Read Next

Новата пресметка за синдикалната кошничка годинава адут за зголемување на платите на работниците