септември 20, 2024

Протест со трактори на германските земјоделци, блокади низ цела држава

Блокади на автопатишта, колони автомобили, сообраќаен метеж. Во Германија утрово почнаа протестите на земјоделците против укинувањето на субвенциите.

Како што пишува Дојче веле, денеска практично нема да има дел од Германија што ќе функционира нормално. На патиштата ќе има илјадници трактори – во протестот што германските земјоделци го најавуваат како најголем во историјата.

Списокот на градови и автопати чии блокади се најавуваат е долг. Надлежните ги повикаа граѓаните денеска да користат железнички превоз и да се откажат од возењето.

Работодавците им укажуваат на луѓето да работат од дома каде што е можно, а училиштата ќе го оправдаат отсуството на децата.

Read Previous

Од почетокот на руската инвазија во Украина ранети се 1.186 деца

Read Next

Шеикот Абдулах Бин Мухамед доаѓа во Скопје, од денеска до сабота посебен сообраќаен режим во главниот град