Граѓаните не заслужуваат да плаќаат поскапа струја, посебно не во ек на криза кога цените на енергенсите се заминати до плафон. Ова е ставот на дел од скономистите, откако Регулаторот ја објави новата цена на струјата. Трошоците ќе растат и во иднина, вели Абил Бауш, и затоа секое поскапување е очекувано, но тоа не смее да падне врз грбот на и оната осиромашениот граѓанин. Според него, иако струјата поевтинува, сепак таа ќе биде поскапа, оти на цената се додава плус мрежарината.
Дека и во иднина ќе плаќаме повисоки сметки за струја, алармира и енергетскиот експерт Константин Димитров. Тој за Алфа рече дека тоа е поради што државата го преспала периодов, наместо сериозно да вложи во енергетски капацитети.
Регулаторот објави дека новиот надоместок за пренос и дистрибуција ќе чини 200 денари. Оваа ставка ќе важи за сите и ќе ја плаќаат и оние кои имаат празни станови, куќи и викендици.
Според наши пресметки, оние најштедливите кои влегуваат во втор блок ќе добијат сметка за струја 100-тина денари повисока. Владата ова го оправда со игра на зборови, се намали мрежарината за 23%, но со останатите додатоци излегува дека сметките за струја на оние кои штедат по Новата година ќе бидат или исти, или минимално зголемени.
Според „ЕВН“, дури 10.000 домаќинства преминале од втор во трет блок од октомври во ноември, што значи дека зимата ќе биде поскапа за нив.
Но Колку се плаќа во земјава споредено со регионот? Босна и Херцеговина е земја со поевтин киловат од Македонија, а за потрошени 400 киловати, сметката изнесува 28,3 евра, односно над десет евра помалку споредено со земјава. Крајните сметки за струја во Србија се на исто ниво како во земјава. Или за 400 киловати околу 40 евра месечно.
Хрватска е земја со поскап киловат-час од Македонија, а во Словенија се плаќа најскапо, и до крајот на 2024 цените ќе останат регулирани. Тамошниот пазар е целосно либерализиран и има пет компании со лиценци за снабдувачи.
ALFA MK