ноември 22, 2024

Виз Ер привремено ги прекинува летовите од Скопје до Луксембург и Болоња

Како што информира порталот Еxyuavation прекинот на летовите е поради глобалниот проблем со моторите произведени од „Прет и Витни“. Ова ќе резултира со привремен прекин на три линии во текот на двомесечниот период, вклучувајќи ги Скопје – Луксембург, Скопје – Болоња и Дортмунд – Ниш.

Добавувачот на воздухопловната и матична компанија на „Прет и Витни“, „Ер-Ти-Икс“ врши контрола на квалитетот на моторите инсталирани во стотици авиони ширум светот, кои треба да се отстранат и испитаат.

-Компанијата продолжува да презема активности за да го ублажи секое финансиско и оперативно влијание и ќе бара финансиска компензација од „Прет и Витни“, соопштија од „Виз Ер“.

„Визер“ планира привремено да премести два од шесте скопски авиони од средината на јануари до средината на март. Ова ќе резултира со привремен прекин на авиолиниите. Дополнително, над триесет неделни летови се отстранети од скопска мрежа. Услугите за Базел и Меминген ќе ги имаат најголемите намалувања на фреквенцијата. Во Белград, буџетската авиокомпанија планира да ја одржи целата своја мрежа, но ќе отстрани над петнаесет неделни летови, при што еден од четирите авиони ќе биде преместен на два месеци.

Авиолинијата Скопје-Луксембург беше воведена на 1 ноември 2023 година.

Read Previous

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 31 јануари

Read Next

Експерти за новата цена на струјата: Граѓаните не заслужуваат да плаќаат поскапо, особено не во ек на криза